ТУРНИР ВО БАСКЕТ МЕЃУ 22 ЕКИПИ

Basket za humanost

Дваесет и две екипи, машки и женски, од средните училишта учествуваа на турнирот во спортската сала на СОУ “Ѓорче Петров”. Во категоријата на машки екипи, првото место го освои екипата “Зумбули” од училиштето домаќин. Второ место освои “Пиштолчиња на вода” од Гимназијата. Третото место им припадна на “Џигиња” од гимназијата. Кај женските екипи, први беа “Пинки”, второ место “Тегет чорапа”, и двете од Гимназијата. Третото место го зазеде  екипата “Бомбици” од СОУ “Ѓорче Петров”.

Турнирот беше по повод Меѓународниот ден на борба против сидата, а во соработка со Училишната младинска организација на СОУ “Ѓорче Петров” и Советот на млади на општина Прилеп. Целта и пораката на турнирот беше младите наместо со пороци, да се занимаваат со спорт како синоним за здравје и здрав живот.

Loading