ДЕБАТА ЗА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ

Економското училиште организираше

Mislenja Za i Protiv

Младинците дебатираа за квалитетот на универзитетите. Во градската библиотека се одржа јавна дебата организирана од ЛМО Здружение на млади економисти при СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“.  Тезата на дебатата гласеше: Овој дом верува дека, сé уште во Македонија, државните универзитети го имаат квантитетот наспроти приватните универзитети, но дали и квалитетот?

На расправата и претходеше прелиминарна рунда меѓу шест тима од средните училишта, на која се избраа два најдобри кои во финалето ги бранеа своите ставови. Финалисти беа: Анастазија Христоска и Мартин Спиркоски од Гимназијата и Анастасија Бошкоска и Михаил Алексоски од СОУ “Ѓорче Петров”. Како судии на дебата беа професорките по македонски јазик од економското училиште: Лидија Паноска, Соња Мирческа и Цеца Видова – Трајческа, како и тренерите од Дебатниот клуб: Димитар Врглевски и Ева Петреска. За најдобар тим, беше избран тимот на Гимназија, кои ја бранеа негативната страна на тезата.

Loading