ТРИ НАГРАДИ ОД БИБЛИОТЕКАРСКИТЕ НАТПРЕВАРИ

Grst nagradii za ucenicite od SOU K J PituСОУ „К.Ј. Питу“

Со  две први и едно трето место се закитија ученички од СОУ „К.Ј. Питу“ на конкурсот за најдобар рецитатор и најдобра лична творба што библиотеката го организираше по повод месецот на книгата.

Најдобар рецитатор во категоријата средношколци е Викторија Цветаноска, ученичка од втора година. Таа без здив го остави жирито со песната “Псалм за м-лле Лили” од Ацо Караманов.

На конкурсот за најдобра лична творба, првото место за најдобар расказ  и припадна на ученичката Тамара Мирческа од прва година. Нејзината лична творба носеше наслов “Без тебе, ме нема и мене”. Третото место, за расказ, го освои  Михаела Анастасовска од втора година за расказот “Колку е потребно за среќа”.

Горди на успесите на  ученичките се и нивните менторки, професорките: Цеца Видова -Трајческа и Соња Мирческа како и целиот колектив при СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”.

Loading