ЈАБОЛКО ЗА СОРАБОТКА

Torta vo forma na jabolko donesoa penzionerite vo OU Blaze

Не јаболко на раздорот, туку торта во форма на најсочниот плод, јаболкото подарија пензионерите на ОУ „Блаже Конески“. Донесоа прекрасна торта во вид на јаболко по повод одбележувањето на Денот на јаболкото. На вработените и учениците им посакаа многу здравје, среќа и успех. Се споија младоста и искуството и во овој проект, како и во многу други. Марија Мишева е пензиониран наставник по историја која уште соработува со помладите колеги, пренесувајќи ги позитивните искуства.

ОУ “Блаже Конески” на чело со директорката Марија Дулевска која секогаш е подготвена за соработка, се заблагодари на поранешните колеги за прекрасниот гест.

Loading