ГРИЖА ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

СОУ „Ѓорче Петров“

Griza za starite lica projavuvaat ucenicite od SOU Gorce Petrov

По повод Неделата на грижа за старите лица, учениците од СОУ “Ѓорче Петров” ги посетија штитениците од Домот за стари и изнемоштени лица ,,Киро Крстески – Платник”. Ем ги развеселија, ги забавуваа, но им мереа и крвен притисок.

Кај старите беа учениците од 3-2 клас од здравствената струка, медицинска сестра, членовите на драмската секција под менторство на проф. Билјана Тинтоска и музичкиот бенд со членовите: Александар, Теодора, Марија, Стефана и Неире, како и наставниците по практична настава Наташа Ванчева, Ленче Јованоска и Валентина Дамеска. Изведоа пригодна програма. Комедијата “Во Европа и назад”, по сценарио на Филип Стојаноски и музичките точки,  придружени со медицински услуги им беа пријатно изненадување на штитениците.

– Среќни сме што успеавме да поттикнеме насмевки на лицата на штитениците. Им благодариме на учениците кои внесоа радосни мигови во животот на овие луѓе. Се гордееме со хуманоста на нашите ученици – вели професорката Тинтоска.

Посетата е традиционална, а учениците се чести посетители на Домот, во кој се згрижени лицата во третото доба. 

Loading