КАКО БИСЕРИ СЕ НИЖАТ НАГРАДИ

ВО ОУ „ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“

Ucenicite od OU Dobre Jovanoski odlicni recitatori i poeti

ОУ „Добре Јованоски“ е расадник на талентирани ученици. Доказ се освоените низа награди на учениците. Особено се значајни  од последниот литературен конкурс и рецитаторски натпревар во Градската библиотека. Во категоријата за најдобра лична творба од VI до IX одделение учениците ги освоија првите две места. Првва беше Марија Христоска од 7-2 одделение за личната творба ,,Погледни, природа”, а второто место го зазеде Христијан Јошески од 7-4  одделение за личната творба ,,Сила”. Успехот е плод на залагањето и на наставничката – ментор по македонски јазик и литература, Моника Трајкоска.

Првото место во категоријата за најдобар рецитатот од 1 до 5 одделение и припадна на ученичката Исидора Николоска од 4-5 одделение за песната ,,Очи” од Ацо Шопов, под менторство на Снежана Андоноска.

Во категоријата, најдобар расказ од 6 до 9 одделение, првото место и припадна на Елена Николоска од 8-4 одделение за расказот насловен ,,Помогни секому” под менторство на наставничката по македонски јазик и литература Јагода Волческа.

Loading