НАДЕЖНИ ГИМНАЗИСКИ ОРАТОРИ

Talent za govornicstvo

Десет ученици од гимназијата настапија на традиционалната ораторска вечер во просториите на градската библиотека. Тие ги демонстрираа способностите за говорништво на темата, “Стереотипите кај младите”. Меѓу конкурентите, Комисијата што ја сочинуваа професорите Рубин Матески, Емона Јованоска, Димче Настоски, Мартин Наумоски и Николче Богданоски, додели најмногу бодови на Деспина Сиљаноска, потоа на Филип Димовски, а третото место í припадна на Стефани Мирческа. На најуспешните оратори им беа доделени дипломи и книги, а на останатите благодарници.

Ораторството е вештина со која говорникот јавно ги искажува своите размислувања и ставови на одредена тема или по некое прашање да остави добар впечаток и да биде убедлив во она што сака да го каже.

Меѓу гостите беше и градоначалникот Марјан Ристески. 

Loading