ДВЕ ЗЛАТНИ ПЛАКЕТИ ЗА ПРИЛЕПСКИ СРЕДНОШКОЛЦИ

На Макинова

Srednoskolci - pobednici na Makinova

 

Две златни плакети на Макинова, освоија двајца прилепски средношколци. Давид Лазароски од СОУ Ристе Ристески – Ричко и Ѓорѓи Димески од Гимназијата, под менторство на професорот Емил Тавчиоски, триумфираа на меѓународната изложба на пронајдоци, иновации и нови производи Макинова во рамките на саемот за техника Технома во Скопје.

Во категоријата младинско творештво, злато добија за проектите “Робот – сложувач на рубикова коцка” и “Роботска рака која игра tic tac toe со човек”. Летоска го посетуваа Клубот за талентирани средношколци при Академијата Микросам и ги изработија проектите кои поради иновативноста и успешноста се наградени со две златни плакети.

Со ова Микросам уште еднаш покажа дека го поддржува развојот на младите таленти кои имаат желба да го прошируваат и надградуваат знаењето. Академија неколку години настапува на Макинова и освојува награди. Годинава беше единствениот излагач од Прилеп. 

Loading