ЏАМ ДВОР

СОУ „Ѓорче Петров“

Комплетно е уреден дворот на СОУ „Ѓорче Петров“. Патеките се со бекатон плочки, а четири парковски површини ја обиколуваат зградата на средното стручно училиште.

– Инвестицијата е околу 200 илјади денари со цел училиштето да има поубав изглед и да биде попријатно место за учениците и професорите. Останува уште да се уреди паркинг просторот и да се постави енергетско – ефикасна заштитна фасада. Преку проектите и буџетските средства имаме инвестирано околу 500 илјади евра – вели градоначалникот Марјан Ристески.

За уредување на парковските површини и дворното место била користена земја од градскиот стадион кој е во изградба. ЈКП “Комуналец” помогнал и идејно во изградбата на парковските површини.           

Loading