ТИМОВИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И МЕДИЈАЦИЈА

Korisni rabotilnici vo Krusevo

Учениците од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ со менторот Мануела Котеска учествуваа во работилници за поврзување со ученици од различните етникуми во Македонија. Во организација на Мисијата на ОБСЕ, во Крушево учениците се обучуваа во справувањето со ризиците и конфликтите што постојат секојдневно во нивното опкружување, училиштето и средината.

Идните економисти тренираа менаџирање на конфликти, тимска работа преку спортски и друштвени активности, видео и фотографии, активно младинско учество и мултикултура.

Учениците Михаела Анастасовска, Ирмела  Хасановиќ, Наталија Савеска и Стефани Атанасоска беа дел од петте тимови кои ги совладуваа задачите од преставниците на ОБСЕ. Разговараат за патиштата и методите за справување со конфликтите во нивната средина и за надминување на меѓуетничките разлики. Оценија дека спортските активности ги поврзуваат различните етникуми и  позитивно влијаат на мултикултурализмот во животот.

Претстои време за изработка на презентативен материјал-видео и слики, со кои ќе се заинтригираат соучениците-врсници и ќе се влијае на нивното активно вклучување во вакви и слични настани.

Покрај оспособувањата за решавање на потенцијалните конфликти и ризиците, учениците ги проширија гледиштата и склопија нови пријателства  кои ќе се негуваат во идниот преиод. 

Loading