ПИСМО ПО ВТОР ПАТ ЗА ИСТА ТЕМА

Честопати минувам крај кулата кај железничката станица каде што се полнеше парната локомотива со вода додека возот се движеше на водена пареа некаде пред 55 години од минатиот век. Сега поминувам гледам дека кулата е претворена во пералница за автомобили и перење теписи.

По мое мислење станува збор за историски и културен објект, кој треба да се заштити и да се најдат средства за реновирарање и за продолжување на векот за опстанок. Вакви железнички кули не треба да се заборават, да исчезнат, оти има само две во Македонија, од кои едната е во Прилеп, а другата во Велес. Откако ќе ги снема, ќе биде доцна да се споменуваат како историја и како вредно културно наследство.

Апелирам до локалните власти да пронајдат средства да се заштити кулата која е важен историски објект за минатото на една генерација и ново сознание за младите. Без складираната вода во кулата за парниот котел, локомотивата не би се движела возната композиција ниту еден метар. Ако се даваат големи пари други нови културно историски објекти, не треба да се запостават и да се  остават во пропаѓање старите. Верувам дека Прилеп е способен успешно да ја ревитализира кулата и да ја претвори во градско обележје. Нужна е само волја и морална поддршка за заштита, за да се  разубави местото околу железничката станица.

Покрај неа, нужно е да се заштитат околните стоваришта на нашата македонска стока ситна и крупна носена по Босна, Хрватска, наместо во советскиот сојуз како што бил измамуван народот  од Тито и Колишевски. Сега козите не ја уништуваат шумата, туку моторните пили, помогнати тајно од службени лица.

Во 2014 г. бев во Заводот за заштита на историските вредности во Прилеп и побарав од државниот завод економска помош за реновирање на кулата. Во 2015 г. ми одговорија дека нема средства. Можно е некому да му е мака и да љубомори што таков објект нема во неговиот град.

Затоа предлагам да се објави донаторска жиро сметка и заедно да ја зачуваме и да остане историска зграда. Чудно е што не се спаси објектот додека се реновираше железничката станица.

Кулата е изградена со градбата на железничката линија Велес – Битола – 1929 – 1932 година. Главен мајстор за кулата бил марулецот Трајан Колески – Грујов (1861- 1949). Го запознав и разбрав дека бил градител на многу тунели и мостови во САД. Работел од почетокот до завршувањето на железничката линија. Работел како ѕидар во тунелот Богомила. Прилепските ковачи му завидувале на мајсторилакот при клепање на алати кои ги сечела сите видови камење.

Томе Велјановски – Марулецо

Гетеборг, Шведска 

Loading