Достојно одбележан 3-ти номеври, Денот на ослободувањето на Прилеп

Денот на ослободувањето, 3-ти Ноември Прилеп доследно го одбележа. Делегации од Локалната самоуправа, од Советот на Општина Прилеп, на АРМ и почитувачите на традициите на Сојузот на борците, претставници на политичките партии, положија свежо цвеќе пред споменикот на првиот претседател на АСНОМ, Методија Андонов-Ченто, на Кузман Јосифовски – Питу, на Могилата на непобедените и пред споменикот на Песјобрдце каде се воделе завршните борби за конечното ослободување на градот од фашистичкиот окупатор пред 72 години. Во рамките на одбележувањето на празникот Ротари клубот организираше ликовен хепенинг.
Патеката на славните, по повод празникот, се збогати со имињата на Блаже Алексоски, Љубен Димкароски и Петар Башески.
Традиционално во големата сала на ЦК „Марко Цепенков”, на свечената седница на Советот на општината беа доделени плакети и дипломи.
Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, за неговиот придонес во општествено – политичкиот, економскиот и културниот развој на градов е добитник на наградата за животно дело по повод З-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.
Награди – плакети добија: ,,Васидора” ДООЕЛ како општествено одговорна компанија со долгогодишно успешно работење и инвестиции во модерни производствени капацитети; СОУ ,,Орде Чопела” за инвестиции и унапредување на воспитно образовниот процес; Радио Холидеј за најслушана радио станица во Пелагонискиот регион со информативна, образовна и забавна програма; ОУ ,,Кирил и Методиј” од с.Канатларци за инвестиции и унапредување на воспитно – образовниот процес; ,,Футура” ДОО како успешна и општествено одговорна компанија, Здруженијата на прилепски бранители (Здружение ,,Прилепски Бранители”, Здружение ,,Карпалак”, Здружение на ,,Резервни воени старешини”) за храброста во одбраната на македонскиот суверенитет и интегритет – да не се повтории да не се заборави; „Младинскиот Совет” за достигнувањата и успесите во работата со младите, „ТРИО-95″ ДОО како успешна и општествено одговорна компанија и Народна техника за 70 годишниот развој на техничката култура и постигнати врвни резултати на европски и светски натпревари.
Наградите – дипломи им се доделија на Цветан Беличански, доајен на прилепската и македонската просвета, универзитетски професор и член на Сојузот на борците, на Илија Нестороски, репрезентативец на Македонија и спортски амбасадор наОпштина Прилеп; на Горанчо Котески за придонес во општествено – политичкиот, безбедносниот и економскиот развој на општинава, на Дарко Штаргоски за промоција на туристичките потенцијали на Прилеп низ професионално изработените прилози; на Мери Мирческа, за постигнати резултати во планинското трчање и меѓународна промоција на Прилеп; на Александар Тодороски – Цандарот за долгогодишното негување на берберскиот занает во старата Чаршија; на Каролина Мицеска за посебни остварувања во областа на новинарството, културата и уметноста; на Миле Јованоски, пионер во параглајдерството, натпреварувач, тренер и селектор со врвни постигнати резултати; на Дарко Неданоски за постигнатиот успех во македонската спелеологија и на Славе Димоски, за негување на ковачкиот занает, како еден од најстарите занаети.
Наградите на добитниците им беа врачени на свечената седница.
{AG}425/3{/AG}
![]()

