СЕЌАВАЊЕ ЗА ТОШЕ

СОУ „Ѓорче Петров“

Pocit na Tose

Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ не го заборавија и годинава одбележувањето на споменот за македонската и балканската поп ѕвезда Тоше Проески. За одбележување на 9-годишнината од загинувањето на ангелот Тоше и сеќавањето на неговото дело и љубов, Младинска организација и моделот Дете – правобранител, во кафе барот Вирус организираа настан да му оддадат почит и да се потсетат на миленикот.

– Сите израснавме со неговите песни, секоја има свое место во нашите сеќавања и нé потсетува на некој настан од нашиот живот, секоја песна има своја приказна… Вечно ќе ги пееме неговите песни, бидејќи извираа од грлото на човекот со душа. На младите, Тоше секогаш ќе ни биде огледало како да водиме примерен и морален живот и кога имаме прилика да сме славни и богати и тоа да не ни попречи во практикувањето на животните доблести и во ширењето љубов, оти љубовта околу нас вечна е, се дарува безрезервно.  Засекогаш ќе останува во нашите срца – рече Андреј Ристески, од СОУ “Ѓорче Петров”.

Преку фотографијата која ја направи ученичката Анастасија Бошкоска, се пренесува атмосферата во која се зборуваше за Тоше и љубовта.

Loading