„ЗЛАТНА ПЕТОРКА“ В КИНО

goden-five

„Златна петорка“ во режија на Горан Тренчовски, најновиот македонски филм, ќе се прикажува вечерва, утревечер, в понеделник и вторник во киното Мис Стон од 20 часот. Филмот работен по мотиви на Братислав Ташковски, говори за визиите и ретроспекциите на пет невини студенти кои монструозно исчезнаа во вителот на една од најапсурдните комунистички ликвидации на југот од Балканот во 1951-та. Сведоците и најблиските уште ја чуваат тајната за чистотата и за евроатлантската ориентираност на нивните “златни” млади души, додека модерното време на новиот милениум промовира некои нови ликови со сомнителни квалитети. Сеќавањата за идеалот и правичноста на “невината петорка” побудуваат низа секвенци со драматични и интимистички настани кои ја артикулираат состојбата на прогресивниот дух наспроти ерозијата на моралните вредности. Но духовното помирување и современата голгота не се секогаш единствената замена за казната поради пролеаната крв. Децениското проклетство од грешката за направениот злостор, најпосле раѓа нови љубови, нови предизвици. Генерациите зацртале нови патеки за изодување… Сѐ додека не се дојде до филмската вистина.

Главните улоги ги толкуваат Славко Штимац, Петар Арсовски, Јана Стојановска, Александар Ристоски, Игор Ангелов.

Loading