ЈАВЕ ЗА „ИЛЈАДА ЅВЕЗДИ“ ОД СНЕЖАНА ПАНОСКА

„Илјадници ѕвезди

во твоите очи,

огледало сал се

На твојата душа,

јас во нив и не сум

и нема да бидам,

ти нечија ѕвезда

катаден стана….. “

Panoska so nova tvorba

Ова се дел од стиховите во новата поетска збирка “Илјада ѕвезди”, од Снежана Паноска, што ќе биде претставена вечерва во библиотеката.

Книгата е сведоштво на контемплативните доживувања на поетесата, компонирана со еден студиозен авторски приод, поставена на социолошко психолошки фундаменти, која е возбудлива и пријатна за љубителите на пишаниот збор.

Според Никола Илијовски, песните се одликуваат со кратки и прецизни стихови.

Стиховите се надоврзуваат еден со друг како прстени и градат еден автохтон поетски стил, што ја одразува поетската зрелост и убеденост што произлегува од цврсто изградената поетика дека, да се пишува поезија и да се дише се две страни на еден ист медал. Лесно се забележува ритамот и музикалноста на стиховите, кои доаѓаат спонтано – вели Илијовски.

Паноска е економист.Пишува раскази и поезија. Автор е на поетската книга “Песни од мојата душа”. Добитник е на наградата Поетска гравитација за најдобра необјавена поетска книга во 2015 година, што ја додели Здружението за наука и култура Нова.

Loading