ОДЛИЧНАТА РЕКОЛТА ЗА ОБОСТРАНО ЗАДОВОЛСТВО

Александар Дерменџиев, генерален директор на Тутунскиот комбинат

– Откуп на околу 3000 тони тутун, од кои дел се за Филип Морис

– Работниците се интересираат за нови социјални пакети, но засега нема средства

– Позитивно салдо по децении

Kombinatot na zdravi noze - Aleksandar Dermendziev

Дали ќе има битка за кооперанти на претстојната откупна сезона на тутунот која треба да почне на 1 декември.

Нашите проценки се дека отприлика реколтата тежи колку што е бројот на склучени договори. Не очекуваме поголем притисок. Квалитетот на реколтата е добар, речиси одличен. Очекуваме успешна откупна кампања на обострано задоволство, и на откупувачите и на кооперантите. Не очекуваме битка за килограм тутун повеќе, битка меѓу откупувачите. Планираме да го отвориме истиот број на откупни пунктови како лани. Оринтирани сме на пелагонискиот регион и имаме неколку пункта во Источна Македонија. Одлучивме исплатата да оди по седум дена под притисок на конкурентите. Според законот, средствата нужно е да ги имаме пред почетокот на кампањата. Пак ќе плаќаме по седум дена. Имаме стандарден континуитет последниве шест години да откупуваме околу три илјади тони од четири илјади кооперанти.

Какви се ефектите од стратегиското партнерство со Филип Морис

Договорот за стратегиско партнерство со Филип Морис овозможува долгорочна стабилизација на комбинатот. Дел од тоа е искористувањето на буџетот за подобрување на продуктивноста, како што беше намалувањето на бројот на вработените за 535 души, и тоа со обострано задодоволство, без социјални и политички тензии. Се понудија и прифатија социјалните пакети за заминување на дел од вработените од Комбинатот. Дел од договорот со Филип Морис е и пласман на откупен и обработен тутун за нив. Тоа обезбедува значително средства за откуп, што секогаш било рак – рана за Комбинатот. Станува збор за големи средства, кои се авансираат на кооперантите, а кои ќе се вратат назад по подолги процеси, по неколку месеци. Третиот бенефит од партнерството е што лани првпат се пофаливме дека имаме позитивна завршна сметка, со добивка од децении загуби.

Ќе има ли нова тура на социјални пакети за дел од останатите над 400 работници.

Со оглед на производството во двете друштва, Тутун и Цигари, логично е да се размилува на целосно заздравување на Комбинатот Клучниот проблем, превработеноста, успеавме да го надминеме, иако сега обемот е далеку помал. Сепак уште се соочуваме со превработеност, но и со кусок на одредени работни позиции. Засега нема одлука за нови социјални пакети, оти нема обезбедено средства. Постојат размислувања за обезбедување средства, но прерано е да се зборува за тоа. Постои интерес од вработените. Не би шпекулирал со бројки. Ако имаме средства, успешно и безболно би го завршиле и вториот проект. Ќе биде нужно повнимателно и подобро да се анализира тоа прашање пред да се помине на тој чекор. Потребна е “свежа крв”, но проблем ќе биде структурата. Ништо не би направиле ако испуштиме со пакет луѓе, а на нивно место да ангажираме други, за кои ќе биде потребна обука и искуство.

Какви се идеите на полето на осовременувањето на технолошките линии.

Следен чекор е рамислата за инвестиции за софдреинг технологија. Нереално е да се каже дека тоа може да се случи сега или веднаш. Со финансиското закрепнување на Комбинатот почнуваат банките да не гледаат со други очи, кака партнери. Се надевам дека во наредните неколку години ќе застанеме на цврсто тло, со здрави нозе и да извршиме кредитна линија за инвестиции. Во меѓувреме, имаме договор со компанијата од Кавадарци каде што делот на преработката на тутунот за Филип Морис го аутосираме, бидејќи критериумите и стандардите бараат таков тип на обработка што ја немаме и така ја премостуваме.

Како стои Комбинатот финансиски.

Комбинатот стои финансиски подобро од претходните години. Но е потребен период за заздравување. Премногу долго траеше агонијата. Со година две не се надоместуваат децениите со слабости. Комбинатот последните неколку години е исклучен од “апаратите на вештачко одржување” и сега се најдуваме во реалниот бизнис, сами обезбедуваме средства, плус плаќаме рати од стари кредити.

Во Алинци

Нова германска инвестиција со 1000  вработувања

Додека Германците од фирмата Акумпласт ја привршуваат инвестицијата на објектот за производство на пластични елементи за автомобилската индустрија каде ќе бидат ангажирани неколку стотина работници и додека околу 650 работници веќе работат во халите на американската компанија Гентерм во зоната Алинци, дознаваме дека уште една германска компанија ќе гради погон за производство на апарати за домаќинството. Не се познати името на компанијата и вредноста на инвестицијата. Наши извори откриваат дека е падната одлуката на германскиот борд на директори да градат во Алинци и да ангажираат уште илјада работници.                   

Loading