МАГИЧНО КАТЧЕ ЗА ВИТО ТЕЛО И ЗДРАВ ДУХ

Фитнес Клуб за жени „Ивона Фит“

Vezbanjeto e stil na zivot - Ivona Filiposka   Martinoska

Личното позитивно искуство со спортување кое го стекнала повеќе од две децении, несебично Ивона Филипоска Мартиноска, и практично сака да го сподели со припадничките од понежниот пол кои посакуваат да изгледаат убаво, но и да живеат здраво. Во отварањето на единствениот фитнес клуб во градот наменет исклучиво за жени, настапи храбро, со голем ентузијазам, водејќи се од единствената желба да им докаже на сите дека физичките вежби не го обликуваат само телото, туку обезбедуваат и здравје во услови на напорна работа и стресен начин на живот. Во новоотворениот фитнес клуб опремен со нови современи фитнес справи, заедно со пријатната атмосфера за вежбање, не само што релаксира, туку и мотивира и го прави просторот магично катче за обликување на вито тело и здрав дух. Стекнатите придобивки од долгогодишното искуство, искрено ги споделува со сите кои сакаат да направат нешто добро за себе си.

– Вежбав карате 22 години, бев член на карате клубот Металург и член на Македонската карате репрезентација. Напоредно вежбав и Боди Билдинг со мојот татко, кој беше и мој најдобар тренер и со текот на времето, вежбањето не ми претставуваше обврска, туку премина во начин на живот, што е главна причина за започнувањето на мојот бизнис – вели Ивона Филипоска Мартиноска.

Освен пријатната и професионална атмосфера која го исполнува клубот Ивонафит е и посебноста дека е наменет исклучиво за жени покрај постоењето на другите Боди Билдинг клубови за мажи и жени истовремено.

Trgnala od licniot primer za vezbanje -

– Поразлично е тоа што е прв фитнес клуб со справи за жени. Набавив нова опрема од брендовите КЕТТЛЕР и ТООРЏ. Клубот работи во две смени и работи во групи, секоја група е засебна, според потребата на членовите (до 8 членови во група). Работата во групи со лимитиран број на членови овозможува максимална посветеност на секој член поединечно, а со тоа и позитивни резултати. Интересот е застапен кај сите генерации, бидејќи за секој член соодветсвува посебна програма во зависност од возраста и степенот на физичка подготвеност – вели Филипоска Мартиноска.

Фитнесот не се препорачува само за добар изглед туку и за подобрување на умствената и здравствената слика во целост. Пред сé, тоа е дисциплина во која се поттикнуваат упорноста, издржливоста, борбеноста, фокусот и концентрацијата кои се неопходни во денешната животна динамика.

Ивона Филипоска Мартиноска, инаку е дипломиран правник од Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”.  И препорачува: Еден час посветен на вежбање е само 4 отсто од вашиот ден.

Loading