МЛАДИНЦИТЕ ВО ТАНЦОТ

Veseli i Maja - najdobri tanceri megu pionerite

Во организација на Танцовиот Спортски Клуб Темпо во ООУ „Кочо Рацин“ се одржа бодовен натпревар во Латино-американски стандардни и модерни танци. На регионалниот натпревар зедоа учество околу 220 кандидати од повеќе клубови од различни градови.

Младинците од Танцовиот Спортски Клуб Темпо постигнаа извонредни резултати. На бодовниот натпревар, на првото место во категоријата Млади Младинци се искачи танцовата двојка Веселин Трајкоски од ООУ ”Гоце Делчев” и Маја Димеска од ООУ ”Кочо Рацин”. Тринаесетгодишните Маја и Веселин ги надиграа сите учесници и ја зедоа првата награда. Прваците велат дека играњето им е во крвта. Излегоа на сцената без трошка трема  и го покажаа своето знаење и својата умешност.

– Кога си доволно сигурен во себе тука нема место за трема. Тремата е знак на несигурност, на сомневање во себе само тогаш  присуството на тремата е оправдано – вели Веселин.

Талентираната танцова двојка го сака модерното играње уште од мали години и веќе седум години е посветена на латино – американскиот танц.

– Со малку возбуда и голема сигурност застанав на сцената. За тремата немаше место, но самата возбуда и бројната публика  си го направи своето – изјави Маја.

Многу инвестираат во танцот, со голема љубов ги проследуваат сите тренинзи и настапи од постарите од кои може многу да се научи, велат и двајцата.

Активно се занимаваат со танцувањето, се надеваат на големи успеси во иднина. Музиката и танцот им се секојдневие без кое не можат да си го замислат денот.

– За да го сакаш танцот најпрво треба да ја сакаш музиката, а денот без музика е тмурен и досаден – вели танцовата двојка.

Исто така, Танцовиот Спортски Клуб Темпо освои прво место во Модерни танци во следните дисциплини: синхроно танцување, бачата и зумба латино со група од шест девојки.                                 

Loading