НАГРАДЕНИ ЗА ОРАЊЕ

Na celo zenski traktoristki

Учениците од СОУ „Орде Чопела“, освен што се добри теоретичари, стекнатото практично стручно знаење го покажуваат и на дело. Добија награди за орање на натпреварот во Пехчево организиран од Сојузот на здруженија за техничка култура – Народна техника.

Во категоријата младинци, во конкуренција од 50 натпреварувачи, Џем Реџепоски го освои третото место. Во категоријата младинки Ангела Стомнароска беше прва, а Ирена Дивјакоска го зазеде второто место. Учествувал и Томислав Терзиоски. Успесите се под менторство на професорот Камче Бошковски.

Освен ученици, се натпреварувале и земјоделци.

Loading