МЕДАЛИ ОД ЏУДО ТУРНИР

Во спортската сала на ОУ „Добре Јованоски

Leona Nastoska - pobednik vo dzudo

Oколу 200 натпреварувачи од 22 џудо клубови од 6 држави се натпреваруваа во спортската сала на ОУ ”Добре Јованоски” каде се одржа 8-от Меѓународен традиционален турнир во џудо. Ученичката Леона Настоска од ОУ ”Добре Јованоски” го зазеде третото место во категоријата пионери. Со освоено место во џудо, храбрата џудистка ги израдува и соучениците.

Борбата била проследена со многу возбуда и голема трема, но добиениот медал  ја потврдил трудољубивоста.   

– Иако дисциплината е напорна и за да се постигнат резултати треба континуирано вежбање, желбата за успех и позитивната енергија ме искачија до третото место – вели вредната и упорната Настоска.

Вели дека спортот е секојдневие покрај обврските со учењето.

На турнирот насловен “Прилеп Град Херој 2016”, во организација на Џудо Клубот Сеишин, учество зедоа клубови од Македонија, Србија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово во категориите пионери и јуниори во машка и женска конкуренција.

Според организаторот, клубот Сеишин, турнирот ги достигнал очекувањата, бидејќи бил најмасовен досега.

Loading