ПРЕКУ 150 ДОДЕЛЕНИ ДИПЛОМИ ЗА ВОЗРАСНИ

СОУ „Р.Р. Ричко

Diplomi za vozrasni steknati vo R.R. Ricko

СОУ Ристе Ристески Ричко втор пат е спроведувач на јавната програма за образование на возрасни т.е дооформување на средно стручно четиригодишно образование за возрасни лица. Првиот пат успешно минале преку 100 кандидати, а овој пат преку 150 кандидати  од кои по 50 кандидати имало на електротехничката, машинската и сообраќајната струка.  

Шансата за дооформување на образованието за возрасни лица е на иницијатива на Општина Прилеп со помош на Јавната установа  “Центар за образование на возрасни- Скопје”.

Дипломите на учесниците во јавната програма за образование за возрасни им беа свечено доделени во големата собраниска сала во општинската зграда во Прилеп.

Инаку, СОУ Ристе Ристески Ричко беше едно од четирите училишта во Македонија кои први даваа услуги т.е обуки на возрасни. Програмата се рашири и сега опфаќа повеќе училишта – даватели на обуки за возрасни.

Loading