СЕЛФИ НА СТАРТОТ НА НОВАТА УЧЕБНА ГОДИНА

I povtorno zaedno vo SOU Kuzman Josifoski Pitu

Дека започнувањето на новата учебна година не е траума уште помалку тешка обврска за средношколците, туку напротив, училиштето е позитивна средина во која и се учи и се другарува покажува и селфито направено од учениците од економското училиште на 2 септември. По летниот распуст и трите месеци изминати во сопствени режии и креирање на забавата и релаксацијата, новото училишно ѕвонче, повторно ги собра учениците во клупите по нови знаења. Дека му се радуваат на стартот на новата учебна година уште повеќе што продолжуваат другарствата и контактите меѓу учениците покажува и селфи фотографијта на неколку ученички кои се означиле дека се наоѓаат во СОУ Кузман Јосифоски – Питу. Па така на својот фејсбук профил Маја Кофилоска напишала статус: “И повторно заедно” означувајќи ги со неа дека се и Сара Велеска, Симона Богатиноска и Лора Аризанскоска.

“Зенит” ја забележа и ја споделува фотографијата на која девојките зрачат со позитивна енергија за што потврда е и нивната искрена насмевка. Шема е да се прават лични фотографии од кафулиња и плажи, па и од средните училишта.  

Loading