ПРВИ НА ТОПКАРИЈА, ПА ВО УНГАРИЈА

ОУ „Блаже Конески“ – Прилеп

Zabava em sport - Topkarija 2016

ОУ Блаже Конески беше ем организатор, ем домаќин, ем победник на Топкарија – Жогарија 2016.  Во учество од четири екипи, на забавните спортски игри, кои се одржаа во салата Македонија од меѓународната мрежа, “Коневци” беа подобри од екипите на ОУ Добре Јованоски, ОУ Рампо Левката и ОУ Страшо Пинџур од Мало Коњари.

Учениците се натпреваруваа во различни дисциплини: фудбал на мали голови, игри на умешност, игри – квиз на знаење, игри во кои учествуваа професорите и забавни игри на танц, соло изведби. Игрите се повеќе од забавен карактер, но и натпреварувачки дух. Екипно во сите дисциплини ОУ Блаже Конески беше победник и ја претставува Македонија и Прилеп на светското натпреварување во Унгарија во конкуренција на Словенија, Унгарија, Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

Лани во Словенија на истото натпреварување, ОУ Блаже Конески го освои четвртото место во екипен пласман. 

Loading