ДОМАЌИН В ГОДИНА НА ПАРТНЕРИ ОД ДРУГИ ЗЕМЈИ

СОУ „ОРДЕ ЧОПЕЛА“ ВО ЕРАЗМУС ПЛУС КА 2

Sorabotka so 4 ucilista od 4 evropski zemji

Националната агенција за европски образовни програми и мобилност ги објави резултатите во програмата Еразмус+, за Клучна акција 2, македонски училишта како партнери во проекти во други земји. Проектот е насловен “Соработка за иновација и размена на добри практики”. Според податоците на веб страницата, две средни училишта од градов се добитници на грантови. СОУ “Орде Чопела” и СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” се на списокот на одобрени апликанти кои добиле 17 530 евра, односно 20.530 евра. Како резултат на соработката на прилепските училишта со партнери од другите земји, СОУ “Орде Чопела в година ќе биде домаќин на колеги и ученици од Шпанија, Италија, Чешка и Велика Британија.

– Проектот само што започна и ќе трае две години. Насловен е “Unpick your history, weave your future”. Планирани се мобилности и тренинг активности за ученици и професори од училиштето во врска со текстилната индустрија, некогаш и сега, со посебен акцент на природните науки и нивните апликации врз текстилната гранка. Ќе се реализира во четири градови во европските земји: Италија, Шпанија, Чешка и Велика Британија. Ќе бидеме домаќини следната година на останатите четири училишта. Добиен е грантот за образовните активности. Средствата ќе бидат на донаторската сметка, а веќе од следниот месец почнува реализацијата. Сега, работиме на менаџментот и подготовките за активностите. Во проектот со учениците ќе се работи според најсовремениот метод, врз база на истражување (inquiry based learning) –  информира Каролина Дамјаноска, координатор на проектот од СОУ “Орде Чопела”.

Проектот им овозможува на училиштата да работат заедно, со цел да се развие и научната и технолошката писменост на учениците и нивните вештини поврзани со наставната програма, како претприемништвото, дигиталните вештини, решавање на проблеми и јазичните способности во контекст на текстилната индустрија. Поконкретно, има за цел да се развијат наставни материјали кои ќе ни помогнат да се подобри начинот на изучување на науката во училиштата во различните земји во Европа и на идните генерации да им овозможи солидна основа на знаење и разбирање за да може да се дебатира и евалуира за научните и технолошките прашања.  Учениците да споделуваат иновативни практики. Се базира врз комбинација на децентрализирани проекти спроведени од Национални агенции и централизирани активности менаџирани од страна на Извршната агенција на Европската комисија да ги подобрат мерките за учениците.

Loading