БЕЛИОТ СПОРТ ЌЕ РАСЦУТИ

СОУ „Гимназија Мирче Ацев“

Rakopleskanja za moznostite za teniski mecevi

Дружењето со рекетот ја јакне координацијата, флексибилноста, моќноста на мускулите. Истражувањата покажуваат дека со играњето тенис во текот на 20 години, со умерен интензитет по трипати неделно, се намалува ризикот од смрт за 50 проценти. Тенисерите се полни со енергија, самодоверба и се големи оптимисти. Токму со овој спорт наскоро ќе може да се занимаваат гимназијалците. Се подготвува терен, финансиран од Агенцијата за млади и спорт и дел од буџетот на општината, за белиот спорт кој позитивно влијае и ја поттикнува фокусираноста да се размислува неколку чекори пред противникот.

Таканаречената тврда подлога за надворешни услови ќе биде по стандардите на Интернационалната тениска федерација. Теренот ќе биде опремен со стандардна тениска опрема и ќе биде заграден со пластифицирана мрежа висока 3,4 метри. Ќе бидат поставени четири челични столбови за осветлување за употреба во вечерните часови.

За значењето на спортот кај младите луѓе своето искуство го пренесе најпознатиот спортски работник Андон Дончевски.

Со тениското игралиште, Гимназијата ќе биде училиште со добри услови за спортски активности.  Училиштето располага со можности за спортивање во спортската сала, има вештачка карпа за качување, фитнес центар, повеќенаменско отворено игралиште. Планирано е да се направат уште неколку помали терени за неколку атлетски дисциплини.

Loading