СВЕЧЕНО И ВО МАЛО КОЊАРИ И ВО ТОПОЛЧАНИ

На стартот на учебната година

Zelba za ucenje i megu prvacinjata vo Topolcani

За првачињата, стартот на новата учебна година беше свечено означен и во населените места. Со пригодни активности, со анимации за пријатна атмосфера и подароци, беа прифатени најмалите кои првпат пречекорија преку училишниот праг. Топло добредојде на сите ученици, особено на првачињата им беше приредено во ОУ “Страшо Пинџур” во Мало Коњари. Првачињата придружувани од родителите, се запознаа со училишната атмосфера на првиот час.

Ништо помалку достоинствено и свечено, не беше и во ОУ “Круме Волнароски” во населеното место Тополчани. И таму со подароци и желби за успешно совладување на читањето и пишувањето беа дочекани првачињата.

Novi nadezi i za povozrasnite ucenici

Не помала возбуда имаше и меѓу поголемите ученици. И тие со нови надежи и очекувања влегоа во новата учебна година. По летниот одмор, љубопитно се впуштија во трката по нови знаења, а освен учење тие веќе знаат и негуваат дружење и пријателство меѓу врсниците. 

Prvacinja od Malo Konjari

Loading