ИДНИ ЕКОНОМИСТИ И ПРАВНИЦИ ЗА ЕКОЛОШКИОТ ПАЗАР

Гимназија „Мирче  Ацев“

1. Ekipata od Gimnazijata na seminar za ekolosko   obrazovanie

Вкупно 40 ученици од Гимназијата под раководство на професорите Мартин Наумоски и Кети Ефремоска присуствуваа на третата работилница од „Денови на зелени работни места и еколошко образование“ во Економскиот факултет во Скопје, за потковање на идните економисти и правници за потребите на еколошкиот пазар и труд. Семинарот посветен на Европската недела на одржлива енергија, беше организиран од невладината Гоу Грин, Конрад Аденауер Фондацијата и Француската амбасада во Скопје.

Поделени во две други, едните ги разработуваа ЕУ директивите и примената на еколошкото право при што подготвија кампања за мобилизација. Другите “чепкајќи” во европското право и закони, развиваа стратегија за справување со случајот со хидроцентралите во Маврово, и оној со Охридското Езеро. По презентациите во групи, кратко дебатираа и изнесоа заклучоци.

Гимназијалците не само што ги надоградија знаењата и стекнаа необично искуство, ставајќи се во улога на правници за еколошкото право, туку се закитија и со сертификати за учеството на семинарот. 

2. Gimnazijalci

Loading