ПРИЛЕПЧАНИ – ВРВНИ ПРИРОДНИЦИ

Talent za se - Temelkoski so nastavnickata Zezoska

Четвртоодделенците од три основни училишта го запоседнаа врвот на првиот државен натпревар по природни науки меѓу 122 учесници. Филип Темелкоски со менторот Розе Зезоска од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“, Марија Георгиеска со наставничката Даниела Котеска од ОУ „Гоце Делчев“ и Леонтина Трајкоска предводена од Пеша Крстеска од ОУ „Кочо Рацин“, во трите подрачја, биологија, хемија и физика се најдобри. Второпласирана била Анастасија Гулеска од ОУ „Кочо Рацин“ под раководство на Каролина Тренеска. Филип Темелкоски, кој претходно бил трет на регионалниот, добро се навежбал за на државно. На големиот логичар, кој е тата-мата по сите предмети, математиката му е фаворит. Прв бил на општинскиот, а втор на регионалниот и на Кенгур.

И петтодделенците не биле помалку надарени за природни науки. Под менторство на Стојне Угриновска, на првата позиција застанала Маја Јовановска, до неа бил Антонио Трајкоски од ОУ „Добре Јованоски“, а трета Надица Костоска со менторот Спасе Јанчевски од ОУ „Климент Охридски“. 

Loading