СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“
Тамара Кочоска од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ под менторство на м-р Мимоза Мијоска имаше привилегија со труд по информатиката да учествува на ученичка научна конференција во Битола. Научната средба ја организирал ученичкиот институт по математика и информатика во рамките на соработката меѓу македонската и бугарската академија на науки и уметности.