ПОБРЗАЈТЕ, ЗА НАЈПЕТКА ДО 8 ЈУНИ

Пред финишот на трката од бројни успеси, со нетрпение се чека уште еден избор за НАЈ. Уште една учебна година кога се сумираат не само петките, туку и медалите, дипломите, пехарите. Од талентирани до талентирани ученици, што веќе “глава боли” кој каде освоил награда. Нема за што не се надарени, од математика, хемија, биологија, спорт и што ли не друго од предметите испишани во дневникот. Најуспешните воопшто не запираа. Напротив, Петка ја полневме и преполнувавме со ученички и учителски достигнувања, од општински, па сé до меѓународни. Го бележевме скоро секој медал, секоја диплома, секој сертификат, дотолку, што секогаш недостасуваше страница повеќе сите наеднаш да ги пофалиме. Наставниците постојано ги следат, им помагаат, ги откриваат нивните таленти, нудејќи му на секое дете дел од себе, а тоа е знаењето. Ги подготвуваат за натпревари, тече пот и од челото на наставникот и на ученикот.

Затоа, апелираме со ваши гласови, вие да изберете кој заслужува да триумфира на изборот за “Зенит Петка” и да се стекне со овогодинешната титула Најученик, Најнаставник, Најодделение и Најучилиште. Гласањето е на [email protected] до 8 јуни.

Loading