Со победнички пехар од Бања Вруици, Србија се вратија наставниците Маја Бунтеска, Маја Николоска, Христина Тошеска и Бобан Петрески од ОУ “Страшо Пинџур”” од Мало Коњари. Беа првонаградени за снимениот образовен филм “Надворешната средина – училница на 21 век” на меѓународниот фестивал “Креативна чаролија”. Инспирацијата ја пронашле во новите методи на учење, а кои ќе бидат попрактични. Околината ја нарекле училница од која може многу да се научи.