ОУ „Климент Охридски“
Две паралелки од четврто одделение од ОУ „Климент Охридски“ ја посетија галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Љубопитството беше исполнето кога при посетата начекаа изложени уметнички минијатури. Со внимание разгледувајќи ги делата, се воодушевуваа од комбинираната техника на хартија. Полни со нови искуства и сознанија од ликовната уметност како дел од културата, беа радосни од несекојдневното доживување “да гостуваат во живо” на изложба.