
ОУ „Добре Јованоски“ ја стартуваше „сезоната“ за пречек на децата од градинката во Тризла. И ОУ „Климент Охридски“ организираше отворен ден за забавишните групи од градинката “Наша иднина”. Посакувајќи им топло добредојде, идните првачиња беа срдечно пречекани со богата културно-уметничка приредба. По веселиот и разигран пречек, одблиску се запознаа со условите во училиштата побрзо да се прилагодат на идниот втор дом од септември. Во ОУ „Климент Охридски“ дури при разгледувањето на училниците беа водени од јунаците од бајките. Посебно доживување им беше кога се почувствуваа како ученици, удобно сместени во училишните клупи.
![]()

