ТРГУВАЊЕ НА ВИРТУЕЛНИОТ ПАЗАР

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“

Art plostadot preplaven so standovi na ucilisni   kompaniiШтандови на компании за осигурување, банкарство, за трговија на големо со ПВЦ врати и прозорци, со торти и слатки, со кафе, со канцелариска и информатичка опрема, со накит, со мебел, со автомобили, со шеќер, чоколада и слатки од шеќер го преплавија Арт плоштадот пред ЦК „Марко Цепенков“. Тоа беше виртуелното тргување на осмиот Саем, односно Ден на училишни компании” при СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“. Успешни излегоа продуктите на инвенцијата на учениците од четврта година од профилите економски техничар и техничар за трговија и маркетинг и нивните ментори.

Преку виртуелна вежба за трговија и претпремништво, пред љубопитните посетители не само што ги демонстрираа знаењата и вештините научени во четирите години, покажаа и креативност преку подготовката на штандот и изработката на документи и рекламни материјали, постери, флаери, каталози, визит карти… Штандови имаа и виртуелни компании од економското од Гостивар.

Училишните компании од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” досега учествувале на повеќе национални и меѓународни саеми, како во Салзбург, Австрија, Будва, Црна Гора, Сараево, Босна и Херцеговина.

Loading