ВЕТЕРИНАРИТЕ ВО ЕДУКАТИВНА МИСИЈА ПРЕД ОСНОВЦИТЕ

СОУ „Орде Чопела“

Interes za veterinarstvoto kaj osnovciteТрадиционално ветеринарните техничари од СОУ „Орде Чопела“ со професорот Игор Галоски се впуштија во едукативна мисија на часовите по биологија кај основците. Средношколците Моника Итова, Христијан Дурланов, Тамара Атанасоска, Филип Кокароски, Љупче Барлески, Валентин Илиоски, Александар Јанчески, Андреј Андреовски, Бобан Нунески и Марио Ристески преку презентации, видео материјали и нагледни средства, коски, органи од животни, не само што ја доловуваа убавината да се биде ветеринарен доктор, туку и ги насочуваа деветтоодделенците полесно да одлучат во кое средно училиште да се запишат.

Додека Итова ги објаснувала предимствата на ветеринарниот стручнак, со внимание ја слушале учениците од ОУ „Добре Јованоски“, „Кире Гаврилоски – Јане“, „Блаже Конески“ и „Кочо Рацин“.

– Нема поголема радост да се споделува љубовта кон професијата со млади кои треба да одлучат што треба да работат. Внимателно слушаа и прашуваа – додава Итова.

{AG}401/hemisko{/AG}

Дурланов ги подучувал пријателите од “неговото” училиште „Блаже Конески“ за функцијата на тироидната жлезда и хипофизата.

– Беше повеќе од забавно, оти имав шанса да ја остварам фантазијата да бидам професор, иако имав трема – кажува Дурланов.

Атанасоска предавала за сетилото за вкус.

– Презентирав и поставував прашања, на кои учтиво одговараа – кажува Атанасоска.

Задоволството од успешно поминатата обука на основците не го криеше менторот Галоски.

– Стекнатите знаења ги покажуваа и на дело на практичните работилници. Прилагодувајќи ги предавањата со содржините по биологија, предизвикуваа интеракција кај основците, привлекувајќи ги да се ориентираат во оваа перспективна струка – додава Галоски.

Полуматурантите ќе ја посетат и училишната ветеринарна амбуланта одблиску да се запознаат со оваа хумана дејност.

Loading