ВТОРПАТ, ПРВИ ЗА ДЕНОТ НА ЕВРОПА

Драматурзите од СОУ „Ѓорче Петров“

Pobednickata ekipa so pretstavata za EUКреативноста и смислата за хумор на Ангела Јагуриноска, Антониј Колески, Константин Василески, Круме Талески, Мики Петрески, Магдалена Димоска, Фросина Јованоска и Теодора Трајкоска од СОУ „Ѓорче Петров“, искажани преку сценска игра низ драмската изведба „ЕУ во желбите на младите: повратен билет или поинаку“ им донесе прво место на конкурсот по повод 9 мај – Денот на Европа. Драмската секција под менторство на Билјана Тинтоска, а со сценариото на Филип Стојаноски, пак се искачи на врвот. Покажаа дарба за актерство небаре професионалци. Го воодушевија жирито од претставници на ЕДРМ и професионални глумци.

Победата им донесе привилегирана “обврска”, претставата да ја изведат и на сцената на народниот театар.

{AG}401/medicinsko{/AG}

Loading