ПОМОШ ПРЕКУ ЛИТЕРАТУРА

ОУ „Добре Јованоски“

Humani literaturni tvorciПроникнати со внимание кон човекот, вкупно 33 поетски и прозни творби на учениците од ОУ „Добре Јованоски“ беа заднинската слика за помош на ранливо семејство од градов. Преку организираното хуманитарно литературно читање на темата „Мир“, под раководство на наставничката Моника Трајкоска и во соработка со Црвен крст, децата твореа за соживот, толеранција, хуманост и донираа симболична сума пари. Останатите ученици, пак, даруваа прехранбени продукти и хигиенски средства.

– Хуманоста е човекова доблест која секој треба да ја поседува. Многу сум среќна што се трудиме кај децата да ја вдомиме како убава карактеристика, својствена на личностите. Нашето мото е „Да подадеме рака на оние на кои што најмногу им е потребно“ – кажува Трајкоска.

Најдобрите творби беа наградени со прво, второ и трето место. 

{AG}401/dobre{/AG}

Loading