ГИМНАЗИЈАЛЦИТЕ СО НАЈДОБРА НОВИНАРСКА СТАТИЈА

Prvo mesto za mladite reporteriИвана Дукоска и Верица Христоска од Гимназијата “Мирче Ацев” под менторство на Весна Михаиловска освоија прво место за најдобра новинарска статија на конкурсот од програмата “Млади репортери за животната средина”. Ставајќи се во улога на новинари, истражуваа за локален еколошки проблем, односно за дивото сечење на шумите во прилепско. Репортерската работа кулминира со написот “Уништувањето на шумите – уништување на гранката на која седиме”, со кој извојуваа победа меѓу 30 средношколски статии. Статијата е испратена и на интернационален конкурс.

Loading