ПРЕД ПОВТОРЕН ТРИУМФ МЕЃУ ХОРИСТИТЕ

Гимназијата „Мирче Ацев“

Gimnaziskite horisti najdobri na regionalniot natprevarВкупно 75 хористи од Гимназијата „Мирче Ацев“ под диригенство на професорката Тања Иваноска, пеејќи во ист здив, а во мешан состав, беа наградени со максимум 100 поени и прво место во најтешката категорија на регионалниот натпревар за хор и оркестар за средни и основни училишта. Со прва награда се закити и 24 члениот оркестар. Покажувајќи се во најдобра светлина, и хорот и оркестарот обезбедија билет за државниот во мај во Кавадарци.

{AG}399/gimnazija{/AG}

Покрај хорската и оркестарската категорија, музичкиот талент го докажуваа и солисти – вокални интерпетатори и инструменталци. Дури петмина гимназијалци освоија први места, а пласман за Кавадарци резервираа Марио Ангелески и Доротеа Дамјановска. На вокалните солисти Анастазија Христоска и Јордан Аризанкоски, како и на клавиристот Кристијан Спиркоски, за еден бод им побегна државното, иако беа прваци. 

Гимназискиот хор повеќепати бил државен првак.

Loading