ЗА СОЖИВОТ, КАНАТЛАРЦИ ДОМАЌИН НА КОЧАНИ

ОУ „Кирил и Методиј“

Sportot e odlicna moznost za megjetnicko zapoznavanje i druzenjeОУ „Кирил и Методиј“ од селото Канатларци го одржа “зборот” за  договорениот домаќинлак со истоименото партнер училиште од Кочани за дружење и соживот за меѓуетничка интеграција. Трето и четвртоодделенците во мешан состав на спортскиот терен, ем другаруваа, ем се забавуваа со инструкторите од Open Fun Football Schools, покажувајќи дека спортот е одлична можност за запознавање на двата етникуми и создавање пријателства. Додека помалите останаа на спортскиот терен во селото, деветтоодделенците тркнаа до градот. Гостите со македонска припадност, мешајќи се со домаќините со турски наставен јазик, на интересен начин истражуваа за едни и за други. Се заинтригираа за обичаите при свадба, за верските објекти, за карактеристиките на традиционалната кујна и делата на познатите турски и македонски автори.

{AG}399/kanatlarci{/AG}

Активностите ги отсликаа заедничките случувања во изучувањето на адетите, традицијата и културата на двете заедници. Уште еднаш покажаа дека се позитивен пример за меѓуетничка соработка.

Loading