ОД РЕЦИКЛИРАЊЕ НА ХАРТИЈА ДО СПАС НА ПЛАНЕТАТА

СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во еко акција

Ekomisija za spas na prirodata - R.R. - RickoОколу четири тони стара хартија годишно собираат учениците на графичката струка од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Успешна беше и последната, четврта по ред, седумдневна еколошка акција. Одбележувајќи го Денот на планетата Земја, ја подигнуваа свеста упатувајќи порака за секојдневно практикување на рециклирањето. Укажаа дека ако се рециклира еден тон хартија, се заштедуваат 2.000 литри вода и 4.000 кв/ч електрична енергија и се спасуваат 30 стебла дрвја и 130 кг. воздух.

Идејата се родила случајно при одбрана на проектна задача за хартија и картон.

{AG}399/ricko{/AG}

Во акцијата со слоган “Рециклирам, значи постојам”, учествуваа и локалната самоуправа, ЈКП Комуналец и Ротаракт клубот – Прилеп.  

Loading