КАЛЕМ ЗА ДИВИТЕ КРУШИ ВО ЖУРЧЕ

СОУ „Орде Чопела“          

Vesti kalemariЈаболка, круши и сливи во селото Журче, демирхисарско, калемеа дваесетина ученици од земјоделско ветеринарната струка од СОУ „Орде Чопела“ со професорот Панче Паноски. Поканата да го испитуваат теренот заедно со уште стотина активисти, меѓу кои и професионални припитомувачи на диви овошки од битолско и прилепско, им била добредојдена. Фармерите од втора, трета и четврта година кои совладуваат лозарство и овоштарство имаа шанса да ги покажат теоретските вештини и техниките за калемење во пракса.

Zakrojvanje jabolka vo s. Zelce3– Калемењето е благородна вештина. Се спојуваат две единки во една. Подлогата мора да е дива. Во селото Журче се калемеа диви круши со питоми гранчиња со добар вкус и квалитет. Користевме најуспешен и најбрз начин т.н. калемење под кора. Имавме и дружење и богато искуство – кажува професорот Паноски.

Успешната акција ја заокружиле со ручек во манастирот во селото Слепче, а претходно, прилепчаните го дариле појадокот со кифли од училишната пекарница.

В година домаќин ќе е СОУ „Орде Чопела“ со калемење во Мариово. 

Loading