„ИГРАТА“ СО ОГАН НА ХЕМИЧАРКАТА И ДОНЕСЕ ЗЛАТО

ОУ „Гоце Делчев“

Hemicarkata sto e bezstrasna pred oganДеветтоодделенката Деница Темелкоска од ОУ „Гоце Делчев“ е хемичарката која играше со пиротехнички супстанции, изведувајќи опасни експерименти кои истовремено оставаа без здив од страв, но и од воодушевување, и за нејзината умешност, сериозен пристап и знаења беше наградена со максимум 100 бодови и доби злато во применета хемија на Народна техника. И еден член од жирито се изненадил што прилепчанката без страв прави опити со концентрирани киселини. Добила и критика дека одбраната тема „Редокси реакции и некои ефектни експерименти“ не í е соодветна на возраста. Напротив, вештините ги минуваат и професионалните хемичари. Сето тоа е дело на атрактивниот начин на докажување дека калиумот бурно реагира и гори, како во вода, шетајќи се по површината во кадичката, така и во смеса од калум хлорат, загреан и помешан со коцка шеќер кога не само што гори, туку пламти и фрла “партали” и мириса на карамела. А безбојните раствори преку неколку реакции финализирале од црвено-кафеав до црн талог. Направила и калиум перманганат да ја загуби интензивната виолетова боја и да стане безбоен со “магична” смеса од сулфурна киселина и водород пероксид. Со помош на наставничката и нејзиниот сопруг, направиле иновација за изведба на електролиза на вода, односно создале замена за скапиот прибор со кој водата се разложува на кислород и водород.

{AG}398/delcev{/AG}

– Камен од градите ми падна кога добив пофалби. Очекував медал, но не златен. Презадоволна сум, оти на крај трудот се исплати. Ја искористив шансата да ги покажам знаењата по омилениот предмет, што ќе влијае на мојата иднина – кажува Темелкоска.

Интензивната работа во училишната лабораторија два-трипати неделно во второто полугодие роди плодови. Успехот и првото место на регионалниот, се потврди на државното.

Менторот Кети Иваноска се радува на успехот на ученичката со оглед на тоа што во училиштето се учат само основите на хемијата

– Учениците имаат малку пристап до приборот и експериментите. Нема доволно време за посветена индивидуална работа – воодушевена кажува Талеска Иваноска.

Како една од првонаградените од сите 23 области, Темелкоска гостуваше и во емисијата Голем одмор на МТВ за 70 годишнината од Народна техника.

Под менторство на Иваноска, учестуваше и Мила Јагуриноска од 9а, која освои второ место за екологија на регионалниот. Двете се подготвуваат за државниот натпревар по хемија во мај.

Loading