НАЈДОБРА ОДБОЈКАРКА ВО ЗЕМЈАВА

ОУ „Кочо Рацин“

Naj za odbojka - Todoroska so mentorot StevanoskaНе дека на државниот натпревар во одбојка, четвртото место на екипата од ОУ „Кочо Рацин“ предводена од наставничката Роза Стеваноска е помалку вредно, но избирањето на деветтооделенката Михаела Тодороска за најдобар играч на турнирот меѓу 80 одбојкарки од земјава, е посебно за пофалба. Училиштето се гордее што од пазувите излетува талент кој со спортската дарба отскокнува и му носи на вториот дом не само медал, туку и голем пехар. На Тодороска не í е сефте да триумфира. Успешна била и на турнирот за празникот 11 Октомври.

– Возвишено е чувството да се добие вакво признание. Дава сила и мотив да се трудам повеќе. Во екипата сите сме еднакво битни, оти поединец не може да постигне сé – кажува Тодороска, со шестгодишно искуство во клубот 11 Октомври.

Odbojkarskata ekipa od OU Koco RacinОдбојкарката е главен смечер во двојка, а потоа ротира со соиграчите. И во средното образование ќе се насочи кон спортот. Желба í е да биде и професионалец во голем клуб. 

Имено, можностите на 12 одбојкарки помешани од различни класови од ОУ „Кочо Рацин“, беа слични со другите екипи на државното. Не само што беа први на општинскиот, туку и на регионалниот натпревар, каде со 2:0 во сетови ги “тепаа” крушевчани и битолчани. 

Loading