СО СМЕЕЊЕ, ОД ПРИЛЕП И ВАЦ ДО НИШ

СОУ „Ѓорче Петров“

ACES partnerstvoto rezultira so dolgorocno   prijatelstvoПо средбата во Унгарија, АЦЕС тимот од СОУ „Ѓорче Петров“, поддржан од директорот Дејан Димоски на чело со координаторот Елизабета Милошеска, како и 15 ученици, гостуваа и кај партнер училиштето од Ниш, Србија. Во темата солидарност под мотото „Насмевката е најголем подарок“ имаа уште една корисна заедничка средба на трите партнерски училишта во Ниш, окончувајќи ги активностите за АЦЕС проектот.

medicУчениците имаа работилница кај професорката по социологија Нада Арсов, а наставниците разговараа со директорот, запознавајќи се со просториите, наставата и праксата во деловно – правното училиште. Се споделија искуства и меѓу колегите наставници и меѓу учениците.

– Ги сублимиравме хуманите активности, го проценивме ефектот и се согласивме дека партнерството резултира со подолгорочна соработка и пријателства. Тоа се најголемите придобивки. Се воспостави конекција што ќе трае и ќе се негува, а тоа го потврдува досегашното искуство – ги пренесоа впечатоците учениците.

medic2Покрај со гостопримствот, домќините честеле со извонреден музички концерт. Сите уживале во песните на хорот и настапот на играораната група. Аплаузи предизвикале и изведувачите на традиционални танци од медицинското училиште од Вац, Унгарија. И ученикот Александар Здравков во придружба на Тамара Тодороска од прилепското училиште извеле неколку музички нумери.

Гостите прошетале до тврдината и археолошкиот музеј, познатата Нишка Бања, концентрациониот логор од Втората Светска војна близу Ниш, споменикот на Стеван Синѓелиќ во месноста Чегар. Ја виделе и познатата „Челе – кула“, изградена од черепи на борци за слобода. Се восхитувале и од чудотворната икона на Св. Петка и изразот на нејзините очи при посетата на истоимениот манастир. 

Loading