СО СМЕЕЊЕ ВО УНГАРИЈА

СОУ „Ѓорче Петров“

Polno vpecatoci od UngarijaМотото „Смеењето е најпосакуван подарок“ го оправда присуството на ученици од прва до четврта година под раководство на Елизабета Милошеска и Елизабета Мицкоска од СОУ „Ѓорче Петров“ во Вац, близу Будимпешта, кај партнер училиштето. На концертот во тамошниот театар каде гости биле штитениците од Домот за стари лица, учениците од Македонија, Унгарија и Србија, “измамиле” насмевки кај старите изнемоштени лица. Среќата и задоволството од успешно завршената претстава биле видливи и затоа се почестиле со прошетка низ убавиот град во кој тече Дунав. На авантурата, имало и воодушевувања од Темишвар, Арад и Сегедин. При престојот во семејства, гостите ја почуствувале љубезноста. Во партнер, медицинското училиште, го откриле нивниот стил на практична настава, како реанимација на болен и згрижување на новороденче. Ги примил и градоначалникот, раскажувајќи им ја накусо историјата на градот. Учениците прошетале и низ Будимпешта. 

Loading