ОУ „Климент Охридски“
За две минути навремено и безбедно беа евакуирани приближно 400 ученици и вработени од ОУ „Климент Охридски“, откако беше сигнализирана лажна тревога за настанат пожар во училиштето. Штом заѕвони ѕвончето, небаре уплашени учениците заедно со наставниците во колона се упатуваа кон двете врати и брзо излегоа до безбедното место за евакуација во училишниот двор.
Ова беше симулација, показна вежба како да се постапи доколку не дај Боже настане некаква непогода, како пожар, додека децата се на настава. Симулацијата на пожар и евакуацијата првпат беше изведена според препораките на Државниот просветен инспекторат, а по претходно обука и подготовка. Учениците и вработените беа на висината на е задачата и успешно ги спроведоа активностите. За две минути без паника се евакуираа околу 400 лица во секоја смена.
{AG}397/kliment{/AG}
– Учениците и вработените се запознаваат со опасностите кои можат да настанат во домот и во училиштето во случај на пожар и како да ги избегнат и превентивно да делуваат. Наедно се подигнува свеста за важноста од навремената реакција при слични ситуации на непогоди – кажува директорот Дарко Јовески.
Иако беа брзи и ефективни, кажаа дека можат и подобро. На следните симулации ќе одговорат на предизвикот за помалку од две минути.
![]()

