ПОТЕЊЕ НА ТАТАМИТЕ ЗА 11 ЏУДО МЕДАЛИ

ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“

Vestite dzusti grabnaa zlato srebro i bronza na    DrzavnoОд 15 учесници, дури 11 од ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“ под менторство на Борис Митрески и Благојче Илиески, се вратија со медали од Државното првенство во џудо во Кавадарци. Во силна конкуренција од 200 учесници, злато освои деветтоодделенецот Јорданчо Ѓорѓиоски, среброто им припадна на четвртоодделенецот Никола Магдески, осмоодделенката Ангела Конева, шестоодделенецот Филип Попоски, а за бронзен медал се изборија третоодделенецот Леонид Гешоски, шестоодделенците Георги Магдески и Христијан Ангелески, седмоодделенката Христина Ристеска и осмоодделенците Теодора Ристеска, Бојан Синадиноски и Марко Тодорчески.

На третото учество, Георги Магдески третпат освои трето место.

– Настапив во повисока категорија, 46 кг. Тоа е и успех, и стимул за поголеми достигнувања – кажува Магдески кој четири ипол години тренира џудо.

На татамите, до 50 кг. Попоски бил поразен од “колегата” Ѓорѓиоски.

– Не беше страшно, но секогаш може подобро. Го одбрав џудото оти е интересен спорт – додава Попоски кој лани бил и првак.

На посилниот Ѓорѓиоски, највисок резултат му е годинашното злато од Грција на меѓународниот турнир, на кој освоил и 500 евра. 

– Имав доста тешки борби. Третпат освојувам прво место – вели Ѓорѓиоски.

Четвртоодделенката Теодора Тасеска не е разочарана од благодарницата.

– Секое учество, макар и без медал е успех, оти секој нареден натпревар можам да бидам подобра – кажува Тасеска кој во тригодишното искуство има освоено 12 први, 2 втори и 2 трети места.

Синадиноски не тренира џудо, но има шестгодишно искуство. Тоа му донесе сребрен медал.

– “Заразата” на џудото ми ја пренесе брат ми. Не се каам – вели Синадиноски. 

Најтешко í било на Конева оти се натпреварувала во категорија +63 кг. Иако е нова, предизвик í е “потењето”.

– Имав ептен тешки борби. Совладов девојче од 100 кг., дури и државна репрезентативка. Во последната битка загубив поради повреда на коленото и за малку ми избега златото – додава Конева.

Менторот Илиески е повеќе од задоволен, оти меѓу силни ривали се меѓу најуспешните со 11 медали. Успесите растат во сите спортски активности, иако немаат сала.

Loading