ЗА БОД „ПОБЕГНА“ СТИПЕНДИЈАТА ВО ГЕРМАНИЈА

ОУ „Кочо Рацин“

Nagradite se kruna na naucenoto od casovite - Mentorot   Cvetkoska so GiceskaНа пијанистката Александра Гическа, ученичка во 9-б одделение во ОУ „Кочо Рацин“, со 12 дипломи зад себе, оценувањето на комуникацијата, разбирањето, читањето и слушањето на германскиот јазик беше крунисано со сребро на државниот натпревар. Натпреварувајќи се во Гете Институтот во Скопје меѓу 12 најдобри од земјава, само за еден бод í избега стипендијата за школување во Берлин, Германија. Претходно, ОУ „Кочо Рацин“ под менторство на Вера Стоичовска Цветкоска, конкурираше на регионалниот натпревар во Битола со кандидатките Теодора Дамческа и Александра Гическа. Но, само Гическа, освојувајќи прво место на регионалниот, обезбеди “билет” и за на државен.

– На натпреварот имаше што да се научи. Најголем предизвик беше усното граматички точно снаоѓање. Другиот дел не беше поголема тешкотија – вели Гическа, која ја интересираат јазиците и посветено го совладува германскиот јазик. 

Наставничката жали што ученичката не ја добила стипендијата. Затоа ги истакна предностите.

– Одлично е второто место, иако нема стипендија за Германија. Имаше убаво дружење на оригиналниот натпревар. Не е класичен, со задачи, туку е разбирање, читање, комуникација. Се проверува знаењето и владењето на јазикот, што и кое ниво се изучува на училиште и колкава е посветеноста. Тоа поттикнува – додаде Цветкоска.

Успехот е за пофалба и, со оглед на ланското шесто место на државниот натпревар, “Германците” од ОУ „Кочо Рацин“ стануваат сé повешти во владеењето на странскиот јазик. 

Loading