ЈАВЕ ЗА ФОТКИТЕ НА МЛАДИТЕ ЧЛЕНОВИ

Изложба на фотокино клубот Прилеп

Изложба на уметнички фотографии од младите членови на фотокино клубот Прилеп ќе биде отворена вечерва од 20 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Акцентот на клубската изложба на уметничка фотографија “Јордан Зазоски – Зазо”, ќе биде ставен на творештвото на подмладокот, што е новата енергија на клубот. Ќе бидат претставени фотографии од претходната година, а изложбата полека станува традиција.

Од клубот потенцираат дека младите се градат во препознатливи автори кои со творбите освојуваат награди и признанија и прогресираат низ активности, работилници, присуство на манифестации за презентација на фотографијата.

Loading